„Мртов“ пијан го навредувал директорот, па заврши во вториот тим на Борусија (М)

4.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Мртов“ пијан го навредувал директорот, па заврши во вториот тим на Борусија (М)
фото: Gladbach (X)

Фудбалерот на Борусија (М) Флоријан Нојхаус е преврлен во вториот тим на клубот откако на социјалните мрежи се појави видео на кое тој го нарече директорот на Борусија Менхенгладбах „најлошиот менаџер“.

28-годишниот германски играч од средниот ред во видно алкохолизирана состојба комуницирал со навивачи на Борусија Менхенгладбах на Мајорка и зборувал дека Роланд Виркус е „најлошиот менаџер на светот“.

Борусија Менхенгладбах издаде официјално соопштение во врска со ситуацијата со Нојхаус.

„Флоријан Нојхаус ќе плати висока казна за контроверзно видео во кое дава контроверзни изјави додека е пијан на одмор на Мајорка. Тој нема да тренира со првиот тим во следните четири недели. Префрлен е во тимот на Борусија Менхенгладбах до 23 години“, се вели во соопштението на клубот .

„Однесувањето и изјавите на Флоријан Нојхаус се штетни за клубот и се неприфатливи. Неговите зборови ѝ наштетија на Борусија и се големо разочарување за сите вклучени во клубот.“

Исто така, се наведува дека клубот го казнил Нојхаус со 100.000 евра.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата