Монтела: По ова првенство Турција ќе биде третирана со поголема почит

7.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Монтела: По ова првенство Турција ќе биде третирана со поголема почит

Турција водеше со 1:0 против Холандија, но во второто полувреме прими два гола и го загуби дуелот со тоа и местото во полуфиналето на ЕП. По овој меч селекторот Винченцо Монтела изјави дека по овој меч ривалите во иднина ќе ја гледаат Турција со поинакви очи.
Покажавме се што можеме до сега. Имавме многу добар турнир. Победивме во 90 минути исто толку натпревари колку и Холандија и Шпанија. Честитки ни упатија и моите колеги и други фудбалски професионалци.

Имаме многу млади играчи. Тие дојдоа на овој турнир со неверојатен став. Горд сум на моите играчи. Овие играчи ја заслужуваат љубовта што ја добиваат. По ова првенство Турција ќе биде третирана со поголема почит.
Ѓулер? Арда одигра многу добро на овој турнир. Никогаш порано не играл толку постојано на ова ниво. Ова е големо искуство за него. Уште нема ни 20 години. Ќе стане уште подобро со искуство.

Наша цел сега е Лигата на нации на УЕФА, која започнува во септември. Потоа следуваат квалификациите за Светското првенство во 2026 година“, изјави Монтела.

Играчот Чаланоглу, кој против Холандија го одигра 90-тиот меч за Турција, изјави дека ни тој, ниту соиграчите не мислеле дека ќе стигнат до четвртфиналето.

Мора да бидеме искрени: никој не очекуваше од нас, толку млад тим, да стигнеме до оваа фаза. Многу сум горд на моите другари.

90 натпревари за репрезентацијата? Би сакал да играм што е можно подолго за мојата земја. Горд сум што играм за овој тим“, изјави турскиот репрезентативец.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата