Монако го исфрли Погба од составот на Лигата на шампионите

5.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Монако го исфрли Погба од составот на Лигата на шампионите

Раководството на Монако одлучи да го отстрани Пол Погба од составот за Лигата на шампионите. Французинот потпиша со клубот пред шест месеци, но досега одигра само три натпревари и вкупно 30 минути. Последната повреда што ја заработи беше во декември во бутот и сè уште не е опоравен, а клубот признава дека немаат поим кога ќе биде подготвен.

„Целиот медицински оддел е фокусиран на наоѓање решение. Прво треба да продолжи со тренинзите, а потоа можеме да размислиме за негово вклучување во натпреварите. Кога повторно ќе почне да тренира? Немаме јасен одговор на тоа прашање“, рече директорот на Монако, Тијаго Скуро.

Погба има договор до јуни 2027 година. Сепак, неговото отстранување од составот за Лигата на шампионите е знак дека неговата иднина во ПСЖ воопшто не е сигурна. Пред неколку дена се појави информација дека клубот веќе бара можност предвреме да го раскине договорот на Французинот.

Монако се среќава со ПСЖ во плејофот за 1/8 финалето од Лигата на шампионите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата