Модриќ со трогателна порака до Перез, играчите и навивачите!

11.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Модриќ со трогателна порака до Перез, играчите и навивачите!

Лука Модриќ го одигра својот последен натпревар за Реал Мадрид против Пари Сен Жермен во полуфиналето на Светското клупско првенство. Иако се надеваше на победа и пласман во финалето, 38-годишниот хрватски играч од средниот ред се емоционално се збогува. Тој после 13 историски години во редовите на „кралевите“ си оди.

Модриќ испрати трогателна порака до претседателот Флорентино Перез, неговите соиграчи и навивачите:

„Претседателот ми беше многу важен, пред сè затоа што ме донесе тука. Од тој момент, тој секогаш ми покажуваше посебна наклонетост и се однесуваше многу добро кон мене. Сега можам да го кажам тоа: се однесуваше поинаку со мене. И мислам дека го покажа тоа на мојот последен натпревар, бидејќи никогаш не го видов да плаче“, сподели Модриќ.

„Заврши еден незаборавен, славен и победнички период. Она што го доживеав ме прави уште посреќен. Сеќавањето на сè што постигнав овде ме прави многу среќен, иако сум на крајот од оваа фаза. Во Реал Мадрид пораснав како играч и како личност. Реал Мадрид ми даде сè во фудбалот и за тоа ќе бидам благодарен до крајот на животот. Секогаш ќе бидам Мадридиста“, продолжи тој.

Со 597 настапи за кралскиот клуб, Модриќ се збогува како еден од најголемите во историјата на клубот, со наследство од титули, класа и лидерство што ќе останат во сеќавањата на „Сантијаго Бернабеу“. Следната станица во неговата кариера е Милан.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата