Милан со пресврт до убедлива победа над Болоња на “Сан Сиро“!(ФОТО)

9.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милан со пресврт до убедлива победа над Болоња на “Сан Сиро“!(ФОТО)

Милан со 3:1 успеа вечерва на свој терен да слави над Болоња во меч од 36.коло во Серија А. Ова се големи три бода за гигантот од Милано во битката за излез во Европа.

Интересно, во првиот дел на “Сан Сиро“ речиси и ништо да не се случуваше, но затоа во второто полувреме и тоа како имаше од се по нешто меѓу екипите кои ќе играат и во финалето во Купот на Италија.

Прво Орсолини со гол во 49.минута донесе водство на гостите. Тоа како да беше знак домашните да почнат да играат. Па така прво Хименес во 73.минута успеа да израмни на 1:1, за да во 79. минута Пулишиќ стрелаше за водство од 2:1, а во судиското продолжение, со својот вторгол, Хименес донесе конечни 3:1.

Инаку на овој меч играчите на Милан, по повод на “Денот на мајките“, играа со специјални дресови. Па така место нивните презимиња стоеја имињата на нивните мајки.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата