Фудбалскиот репрезентативец на Србија, Страхиња Павловиќ е претставен како нов фудбалер на Милан. Некогашниот играч на Партизан, Монако, Бриж, Базел и РБ Салцбург, по одлично одиграното ЕП во Германија го сврте вниманието кон себе, а Милан беше најбрз.
Симпатизерите на Милан се воодушевени од новото засилување, па го нарекуваат новиот Немања Видиќ, српскиот Терминатор, дефанзивец кој потсетува на славниот Јап Стам, а Страхиња на грбот ќе го носи бројот 31 кој некогаш го носеше славниот холандски дефанзивец.
Инаку српскиот стопер потпиша договор со Милан до 30 јуни 2028 година со можност да се продолжи на уште една година.
sportmedia.mk