Меси во Белата куќа кај Трамп: Го гледав Пеле, но ти можеби си подобар!

6.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меси во Белата куќа кај Трамп: Го гледав Пеле, но ти можеби си подобар!
фото: We Are Messi 🔟 (X)

Шампионите на МЛС, Интер Мајами, беа гости на Доналд Трамп во Белата куќа. Во фокуспт меѓу гостите беше, секако, Лионел Меси, кој му подари на Трамп посебна розова фудбалска топка потпишана од играчот, додека претставниците на клубот му подарија и дрес на Интер Мајами со бројот 47, што го симболизира претседателскиот мандат на Трамп.

„Одлична работа! Огромна привилегија е за мене што можам да кажам нешто што ниту еден американски претседател досега немал можност да го каже: Добредојде во Белата куќа, Лионел Меси. Лео, дојде и веднаш победи, а тоа е многу тешко, многу, многу необично и искрено, има многу поголем притисок врз тебе отколку што некој може да замисли. Бидејќи од тебе се очекува да победиш, а речиси никој друг не победува туку-така“, рече Трамп.

Трамп му се заблагодари на Аргентинецот што одлучи да игра за тимот на Мајами.

„Можеше да одиш каде било во светот, во кој било тим, а го избра Мајами. Само сакам да ти се заблагодарам што нè поведе сите на ова патување. Мојот син Барон ми рече: „Тато, знаеш ли кој ќе биде таму денес?“ Јас реков: „Не, зафатен сум со многу работи во моментов.“ Тој рече: „Меси! Мислам дека неодамна се запознавте. Тој е голем фудбалски навивач, но е и голем твој обожавател… и на еден господин по име Роналдо. Не требаше да го кажувам ова затоа што сум стар, но го гледав Пеле како игра. Не знам, можеби си подобар од Пеле. Пеле беше навистина добар“, додаде американскиот претседател.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата