Меси по елиминацијата од ПСЖ: Заминуваме со кренати глави, ја исполнивме целта

30.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меси по елиминацијата од ПСЖ: Заминуваме со кренати глави, ја исполнивме целта

Големата ѕвезда на американски Интер Мајами, Лионел Меси го сумираше настапот на својот клуб на Светското клупско првенство.

„Светското клупско првенство заврши за нас со пораз од актуелниот освојувач на Лигата на шампионите. Има луѓе во ПСЖ кои ги ценам и ми беше мило што ги видов повторно. Заминуваме со гордост, откако ја исполнивме задачата да стигнеме до осминафиналето. Сега ќе се фокусираме на МЛС и сè што следи“, изјавил напаѓачот на Интер Мајами.

Меси и неговите соиграчи немаа шанси во дуелот со парижани кои уште во воведните 45 минути ја направија големата предност и обезбедија очекувана победа за место во четвртфиналето.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата