При пост меч интервјуто на дуелот Аргентина – Швајцарија синоќа во кој „Гаучосите“ со 3:1 обезбедија пласман во полуфиналето од Мундијалот, Лионел Меси објави податок кој очигледно малку е познат. Тој во својата кариера никогаш не играл против Англија, репрезентацијата која што е противник на неговата Аргентина во полуфиналниот дуел.
„Натпреварите против големи репрезентации секогаш се посебни. Никогаш порано не сум играл против Англија , па затоа ќе биде уникатен натпревар. Тоа е полуфинале на Светското првенство. Сега ќе се одмориме и ќе почнеме да се подготвуваме за него. Вложивме огромен напор за да поминеме низ продолженија двапати и уште еден натпревар и тоа покажува нешто“, рече Меси па додаде.

