Мектоминај: Играчите му даваат целосна доверба на Тен Хаг

11.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мектоминај: Играчите му даваат целосна доверба на Тен Хаг

Еден од подобрите фудбалери на Манчестер Ј. во последно време, Скот Мектоминај изрази поддршка за тренерот на тимот, Ерик Тен Хаг. 

Фудбалерот од средниот ред во пресрет на средбата со Баерн (М) во групната фаза од Лигата на шампионите изјави дека играчите комплетно стојат зад менаџерот.

„Играчите чувствуваат одговорност да го поддржат главниот тренер. Имаме карактер во нашата соблекувална. Можеби со некои од другите тренери во минатото атмосферата во соблекувалната беше токсична на моменти, но тоа веќе не е така. Момците целосно го поддржуваат главниот тренер. Тоа е се. Ние само сакаме клубот да успее“, изјави играчот од средниот ред. 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата