Како што пренесуваат медиумите во Италија, Едоардо Бове, играчот на Фиоррентина кој колабираше на средбата со Интер во 17.минута пред неколку дена, се чини дека ја заврши својата кариера.
Бове засега е добар, контактибилен, сепак се чекаат резултатите од специјалните испитувања.
Сепак како што се пренесува од Италија, тешко дека овој играч на Фиорентина ќе може да ја продолжи својата фудбалска кариера.
Сега јасно е дека младиот Бове, кој има само 22 години, имал срцев удар. Од друга страна за дефинитивни заклучоци ќе се знае допрва.