Меч кој брзо ќе за заборави: “Волците“ одиграа без голови со Њукасл

18.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меч кој брзо ќе за заборави: “Волците“ одиграа без голови со Њукасл
ФОТО: Newcastle United/FB

Вулверхемптон и Њукасл ремизираа без голови во меч од 22-то коло од Премиер лигата. Ова беше не така квалитетен натпревар, 90 минути без ништо, а Њукасл направи голем кикс и ги загуби двата планирани бода против тим кој веќе испадна во Чемпионшип и игра за чест и престиж до крајот на сезоната.
„Страчките“ сега се осми на табелата со 33 бода, а можеа да се пробијат за да го делат петтото место со Манчестер Јунајтед. „Волците“ денес го освоија само осмиот бод во првенството.
Се очекуваше сигурен триумф на гостите, но тие не беа во свој елемент.
Исто беше и на другиот крај, Вулверхемптон исто така не направи ништо во напаѓачката фаза и ова беше еден од оние натпревари кои брзо ќе заборават.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата