Мбапе во Реал е “стара“ вест, во јуни 2025 ќе има “мега – бомби“ во Мадрид!

15.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мбапе во Реал е “стара“ вест, во јуни 2025 ќе има “мега – бомби“ во Мадрид!

Во прашање се денови ако не и часови за тоа кога Реал Мадрид и Килијан Мбапе ќе објават дека трансферот е готов, и со тоа сагата која трае две години ќе заврши.

Да, Мбапе во Реал е “стара“ вест, а за во јуни 2025 Флорентино Перез спрема најмалку две “мега – бомби“.

Првата е доаѓањето на Чаби Алонсо на клупата на најголемиот и најтрофеен клуб во светот, а втората е трансферот на Флоријан Вирц, во моментов најдобриот фудбалер на Баер Леверкузен и еден од ТОП-5 фудбалери моментално во светот.

Значи Реал Мадрид во пакет следниот јуни ќе го добие најдоброто нешто од Леверкузен.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата