Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, даде интересно интервју за локалната телевизиска станица М6. Можеби звучи чудно, но тој објасни дека е среќен за својот поранешен тим Пари Сен Жермен, кој ја освои без него и втората титула во ЛШ:
„Веднаш им честитав на играчите во Клерфонтен. Беше важно, особено затоа што беа петмина. Жал ми е за Вилијам Салиба, но полесно е да се утеши еден човек отколку петмина. Ние го поддржувавме ПСЖ во наш интерес: тие мораа да победат за да не изгубиме премногу играчи емоционално.“истакна Мбапе и продолжи…
“Ако повторно се сретнеме со Аргентина? Како и секогаш, ќе бидеме решени и гладни за победа“, додаде капитенот на Франција.
„Имав шанса да учествувам на два големи турнири, да одам далеку, да настапам добро и да оставам свој белег на најголемото натпреварување. Но, она што го сакам е да се вратам со пехарот на 20 јули“, категоричен е Мбапе.
На прашањето на новинарот дали би се согласил Франција да стане светски шампион без тој да постигне ниту еден гол, напаѓачот одговори: „Да, потпишувам и ќе бидам прв на Шанзелизе, но секогаш помага да се постигнуваат голови“.

