Мбапе со скршеница на носот

17.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мбапе со скршеница на носот

Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе се повреди на мечот со Австрија и мораше да го напушти теренот. Новиот играч на Реал Мадрид удри со глава во противнички играч Кевин Дансо, па седна на тревата држејќи се за носот од кој течеше крв.
Изгледа се работи за скршеница, а лекарскиот тим го повлече од игра. Интересно, Мбапе додека излегуваше одлучи да се врати на теренот и да задржи време, па судијата му покажа жолт картон за ова однесување.
Веројатно францускиот напаѓач на следниот меч ќе го гледаме со заштитна маска на лицето.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата