Мбапе со гол од пенал во 90+10.минута успеа да го спаси Реал Мадрид од нов срам!

1.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мбапе со гол од пенал во 90+10.минута успеа да го спаси Реал Мадрид од нов срам!
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Се играше осмата минута од судиското продолжение при резултат 1:1, Реал Мадрид доби пенал, а Килијан Мбапе успеа да го претвори во гол за победа на „кралевите“ од 2:1 против одличниот Рајо Ваљекано. Ова е 11 пенал за Реал Мадрид сезонава во Ла Лига. Инаку “кралевите“ поведоа со голот на Винисиус во 15.минута, Рајо израмни на 1:1 во 49.минута.

Треба да се каже дека гостите од 80.минута играа со играч помалку откако Цис беше исклучен, а во 90+13.минута Рајо остана и без уште еден играч откако Чавариа беше исклучен.

По ова судијата означи крај. Па така сега Реал Мадрид и натаму е на -1 бод по ова 22.коло.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата