Мбапе е хоспитализиран во САД

19.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мбапе е хоспитализиран во САД

Килијан Мбапе не само што не беше дел од тимот на Реал Мадрид синоќа во ремито против Ал Хилал, туку, од клубот предмалку објавија дека тој е хоспитализиран за време на престојов во САД.
Се работи за акутен гастроентеритис и Мбапе е хоспитализиран за да се обават разни тестови и лекување.

Сипмтомите кај Мбапе се појавиле уште пред мечот и токму и затоа тој не се појави на теренот во Мајами, а потоа очигледно дека ситуацијата се влошила, па бил пренесен во болница.

Сепак, сето ова е пред се од предпазлив карактер, и е и повеќе од јасно дека Мбапе наскоро повторно ќе се врати на тренинг.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата