Мато ја погоди пречката: Уганда одигра без победник со Танзанија!

27.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мато ја погоди пречката: Уганда одигра без победник со Танзанија!
ФОТО: Uganda Cranes/FB

Одличен настап на фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато за неговата Уганда во меч од 2.коло во групата Ц на АФКОН. Неговата Уганда одигра 1:1 иако имаше голема шанса за победа ако се знае дека во 90+1.минута, соиграчот на Мато, Окело промаши пенал. Веројатно требаше да му ја даде топката на вардарецот, но ете.

Инаку Роџерс Мато во 16.минута имаше одлична шанса за гол, но неговиот шут со глава заврши во пречката на Танзанија.

Оваа селекција поведе во Мсува во 59.минута од пенал. Израмни Икпеазу во 80.минута а Уганда имаше и пенал за победа.

Ова е прв бод за селекцијата на Мато во првите две кола, на првиот меч на АФКОН Уганда беше поразена со 1:3. Во третиот меч Мато и другарите ќе играат против Нигерија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата