Матиќ нема намера да запре и на 37. години…. се враќа во Италија

6.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Матиќ нема намера да запре и на 37. години…. се враќа во Италија

Немања Матиќ иако има полни 37. години нема намера да сопре со играњето фудбал на највисоко можно ниво, напротив. Србинот зимава е актуелен со евентуалното враќање во Италија, поточно во Серија А, каде што своевремено настапуваше за Рома. Сега, тој е многу веројатно засилување за Комо, тимот кој што се обидува да обезбеди опстанок во Серија А, а е во сопственост на неговиот некогашен соиграч од Челзи, Цеск Фабрегас.

Матиќ во моментов е член на Лион, а таму пристигна од Рен. Тој цели 17. години е професионалец на највисоко фудбалско ниво, и има зад себе огромно искуство. Она што веројатно на Комо му е потребно во моментов.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата