Матановиќ му донесе победа на Фрајбург, Унион Берлин со реми во финишот

10.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Матановиќ му донесе победа на Фрајбург, Унион Берлин со реми во финишот

Екипата на Фрајбург на домашен терен дојде до победа и тоа со пресврт во најновото коло од Бундес лигата. Откако Хамбургер поведе со голот на Вушковиќ, Елфадли доби црвен картон па Грифо веднаш потоа успеа да ја искористи таа ситуација и да изедначи на 1:1. Матановиќ беше херојот на домашните во 83.минута од мечот со што домаќините дојдоа до 2:1, и конечен триумф.

Хаиденхаим пак го нагости Келн и одигра 2:2 пред своите гледачи.Пиерингер го отвори резултатот, Мартел изедначи на 1:1. Ниехуес повторно им носи водство на домашните, а конечниот резултат го постави Ел Маса.

Со истиот резултат заврши и мечот Унион Берлин-Маинц. Гостите имаа 0:2 со головите на Холербах и Амири, а бодот за домашните го освоија  Јеонг Ву Јеонг и Доеки.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата