Мајсторија на Поулсен: Данска и без селектор ја “реши“ четата на Пикси!

8.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мајсторија на Поулсен: Данска и без селектор ја “реши“ четата на Пикси!

Лесно е кога се браниш, па макар тоа било и против Шпанија, но кога ќе треба нешто да одиграш, е тогаш имаш проблем. Само три дена траеја воспевањата во Србија по ремито со Шпанците за нивниот селектор Драган Стојковиќ – Пикси.

Па така вечерва на “Паркен“ во Копенхаген, домашната селекција на Данска, лесно и речиси рутински ја победи Србија со 2:0 и докажа на дело дека нашиот северен сосед е далеку, далеку од некој врвен фудбал.

Треба да се каже дека Поулсен во 61.минута постигна фантастичен гол и тоа со ножички. Претходно Данците преку Гронбек во 36. минута поведоа дсо 1:0.

Да кажеме и тоа дека Данска на овој го немаше селекторот Мортен Вегхорст кој не седеше на клупата и тоа поради стрес, така беше и на првиот меч во Лигата на Нации против Швајцарија.

Покрај овој меч во терминот од 18 часот се одиграа уште неколку средби. Една од нив беше меѓу Словачка и Азербејџан, славеа домашните со 2:0.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата