Да се знае кој е светски првак. Анхел Ди Марија вечерва во Купот на Португалија потсети на своите најдобри денови. Офанзивецот на Бенфика успеа против Естрела да постигне, еден од трите, маестрален гол, и тоа со “ножички“.
Едноставно мајсторија на Аргентинецот кој покажува и покрај тоа што веќе е во години, и тоа како знае да игра спектакуларен фудбал.
Секоја чест за Ди Марија, така тоа го прават светските прваци.
Интересно, Ди Марија беше во игра до 65.минута при резултат 4:0 за Бенфика. Негови беа трите гола а во четвртиот беше асистент.
Фантастично! Погледнете го само видеото…
Ángel Fabián Di María Hernández. pic.twitter.com/BCwpbjYTig
— Rui Costa do Azeite (@rcostadoazeite) November 23, 2024