Лудница во Орландо: Пеп и Сити елиминирани, чудесниот Ал-Хилал триумфираше за пласман во 1/4 финалето на СКП!(ВИДЕО)

1.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лудница во Орландо: Пеп и Сити елиминирани, чудесниот Ал-Хилал триумфираше за пласман во 1/4 финалето на СКП!(ВИДЕО)

Шок и невидена сензација на СКП! Манчестер Сити си оди дома. Четата на Пеп Гвардиола беше поразена од Ал-Хилал со 4:3 и тоа по продолженијата. Па така место „планирано“ четвртфинале меѓу Сити и Интер, ќе гледаме меч меѓу Фламенго и Ал-Хилал. Ова беше прв пораз на “граѓаните“ на ова СКП и правец дома, нема поправен.

Ова е голема сензација. Ретко кој помислуваше дека по одличните партии во групната фаза, еден тим од Саудиска Арабија ќе го елиминира тимот од Премиерлигата.

Сепак ова е фудбал, а во него чудата се можни.

Инаку почетокот не навестуваше сензација. Бернардо Силва уште во 9.минута донесе водство за Сити на мечот кој се одигра во Орландо. И со тоа водство се замина на пауза.

Само што започна второто полувреме, Саудијците направија пресврт со головите на Маркос Леонардо и Малколм. Но во 55.минута Халанд израмни на 2:2 и со тој резултат се замина во продолженијата.

А таму Кулибали стрелаше за 2:3 во таа 94.минута, а Фоден во 104.минута израмни на 3:3 за да повторно Маркос Леонардо во 112.минута ја тресе мрежата на Сити за конечни 3:4, односно за победа на Ал-Хилал.

ФОТО: ФЦ Ал-Хилал/ФБ


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата