Каков меч? Лудница на „Енио Тардини“! Парма – Лацио 0:1 во меч од 15.коло во Серија А. И тоа не е изненадување, шокатно е тоа дека гостите од Рим постигнаа победнички гол во 82.минута преку Нослин и тоа во моментите кога имаа двајца играчи помалку во поле.
Прво беше исклучен Закањи во 42.минута, за да во 72.минута Башиќ доби црвен картон.
Јасно е дека домашните фудбалери имаа иницијатива, шанси, но сепак не успеаја да постигнат гол. За разлика од нив Лацио знаеше како треба и успеа да дојде до златна победа и златни три бода.

