ЛШ: Спарта го „демолираше“ Салцбург, Болоња се врати во елитата со реми (ВИДЕО)

18.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ: Спарта го „демолираше“ Салцбург, Болоња се врати во елитата со реми (ВИДЕО)

Фудбалерите на Спарта Прага станаа седмиот тим кој во првото коло од новата (реформирана) Лига на шампиони оствари полн погодок. На домашен терен, Чесите со високи 3:0 го поразија тимот на Салцбург и покажаа дека имаат респектабилен состав кој ќе се бори за висок пласман во новиот систем на натпреварувањето.

Головите за победа беа дело на Финецот Каиринен во 2. минута (ВИДЕО), Олатунџи во 42. минута (ВИДЕО) и на албанскиот репрезентативец Лачи во 58. минута (ВИДЕО). Според играта и шансите, Спарта можеше и поубедливо да го добие овој меч.

Во вториот натпревар одигран вечерва, Болоња и Шахтјор поделија по еден бод. Средбата на „Ренато Дал’Ара“ заврши без постигнат гол (0:0), иако гостите беа за нијанса поблиску до победата, затоа што имаа пенал во 4. минута, но Судаков не успеа да го совлада Скорупски.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата