Вечерва се одиграа уште четири први средби од плеј-офот во Лигата на Шампионите.
Се чини дека веќе нема дилеми дека Бодо/Глимт, кој во изминатите две сезони испиша историја во Европа, дека и во претстојната ќе игра во групната или по ново лигашка фаза во ЛШ. Имено тимот од Норвешка вечерна на гостувањето кај НЕК Нијменген победи со 1:3 и веројатно реваншот на свој терен го направи само да биде формалност.
Селтик со 3:0 на свој терен во Глазгов беше подобар од Ласк. Јасно е дека реваншот се игра во Австрија, ама предноста од три разлика е голема во корист на некогашниот европски првак.
Хапоел Бер Шева, тим кој во минатото коло ја посрамоти Ц.Звезда, на првиот меч славеше со 2:1 против Сабах.
Цеље, тим од Словенија е пред испишување на историја. Имено овој тим успеа како гостин да одигра 1:1 кај Слован Братислава. Реваншот се игра во Словенија и секако дека ќе биде супер интересно.

