ЛШ: Луд пресврт на „Олд Трафорд“, ПСЖ како казнена експедиција, Интер и Барса доминантно

3.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ: Луд пресврт на „Олд Трафорд“, ПСЖ како казнена експедиција, Интер и Барса доминантно

Баерн Минхен славеше со 2:0 на гостувањето кај Атлетико Мадрид во супер-дербито на вечерта во 4. коло од Лишата на шампионите. Германскиот гигант поведе во 54. минута, кога Ленарт Карл ја затресе мрежата на домаќините. Конрад Лајмер во 74. минута ја потврди победата, реализирајќи по асистенција на Хари Кејн. Атлетико се обиде да се врати во натпреварот со неколку измени, но Баерн ја задржа контролата и дојде до значаен триумф на тешкото гостување во Мадрид.

Европскиот шампион Пари Сен Жермен приреди вистинска голеада против Виљареал и славеше со убедливи 6:0 и во четвртиот меч во ЛШ оваа сезона. Францускиот тим го реши прашањето на победникот уште во првото полувреме, кога Жоао Невеш, Дезире Дуе, Сени Мајулу и Фабијан Руиз погодија во периодот од 9. до 17. минута за 0:4. Руиз со вториот гол во 50. минута ја зголеми предноста на 5:0, а ПСЖ во финишот стигна и до шестти погодок.

Вистинска драма видовме вечерва во Англија, каде Манчестер јунајтед приреди спектакуларен пресврт против Рома, откако по негатива од 0:2 на полувремето, во финишот дојде до победа од 3:2. Римјаните имаа одличен почеток и со головите на Матијас Суле во 11. и Дониел Мален од пенал во 17. минута стекнаа убедлива предност. Јунајтед се врати во игра во 58. минута, кога Бруно Фернандеш реализираше пенал, кој првично го промаши, но беше вратен поради предвремено влегување во шеснаесетникот на еден од гостинските фудбалери. Херој на англискиот тим е Матеус Куња, кој со два гола во 83. и 86. минута го комплетираше пресвртот и конечно донесе радост на „Олд Трафорд“.

Барселона ја совлада Астон Вила со 3:0, во натпревар во кој каталонскиот тим ја контролираше играта и заслужено стигна до убедлива победа. Ламин Јамал го отвори резултатот уште во седмата минута, а Рафиња во второто полувреме ја презеде главната улога. Бразилецот најпрво во 52. минута погоди по асистенција на Фермин Лопес, а во 64. минута, по додавање од Жоао Кансело, го постави конечниот резултат.

Виљареал – ПСЖ  0:6

ЛАСК – Слован Б. 4:0 

Бодо-Глимт – Лил 0:0 

Манчестер Јунајтед – Рома 3:2

Атлетико Мадрид – Баерн 0:2

Феенорд – Интер  0:3

Барселона – Астон Вила  3:0


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата