ЛШ: Елмас одличен ама Наполи испушти победа, Реал “распука“, Арсенал со “седум од седум“, пораз на ПСЖ

20.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ: Елмас одличен ама Наполи испушти победа, Реал “распука“, Арсенал со “седум од седум“, пораз на ПСЖ
ФОТО: SSC Napoli/FB

Вечерва се одиграа уште седум мечеви од 7.коло во Лигата на Шампионите. Секако дека за нас најинтересно беше на “Паркен“ во Копенхаген каде гостуваше Наполи со нашиот Елиф Елмас. Дијамантот беше одличен на стадионот каде на 26 март со Македонија ќе игра бараж за СП со Данска. Убаво од корнер му асистираше на МекТоминеј за водство на Наполи од 0:1 во таа 39.минута. И покрај шансите, сепак Наполи не победи и тоа поради фактот што во 72.минута Ларсон од пенал израмни на 1:1. Елмас беше стартер и играше до 80.минута.

Реал Мадрид покажа конечно зошто е “кралски“ клуб. Успеа дури со 6:1 да го декласира и понижи Монако. Мбапе двапати, па Мастантуоно, Винисиус, Белингем и автогол на Керер. Тоа беа стрелците на составот предводен од Арбелоа. Монако го “плати цехот“ што се вели.

Во Милано ништо ново. Арсенал го победи Интер со 1:3 и сега има “седум од седум“. Стрелци беа Жезус два и Ѓокереш, Интер преку Сучиќ израмни само на 1:1.

Европскиот првак не е на она ниво од лани. Вечерва ПСЖ беше поразен во Лисабон од Спортинг со 2:1 и тоа со примен гол во судиското продолжение, стрелец беше Суарез, кој и беше стрелец и за 1:0. Кварацкелија израмни, но сепак ПСЖ беше поразен.

На останатите мечеви Олимпијакос го победи Леверкузен со 2:0, Тотенхем славеше против Дортмунд со 2:0, а Ајакс како гостин победи кај Виљареал со 1:2.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата