ЛШ: Баерн го декласира Динамо уште во првото полувреме (видео)

17.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ: Баерн го декласира Динамо уште во првото полувреме (видео)

Динамо Загреб е на пат да доживее вистинско фијаско на „Алијанц арена“ во Минхен затоа што губи со 3:0 од Баерн Минхен. Не само што „баварците“ ја наполнија мрежата на хрватскиот првак туку се чини дека до крајот ќе им дадат уште некој гол. Гостите не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол (надвор или во рамките на гол), не изведоа ниту еден корнер, со други зборови не се ни доближија до шеснаесетникот.
Баерн имаше десет удари од кои три завршија во голот. Во 16 минута по одлична акција, Гнабри погоди но голот беше поништен поради претходен офсајд. Во 19 минута Хари Кејн (ГОЛОТ ОВДЕ) од пенал погодува.

Во 33 минута Гереиро со вистинско торпедо (ОВДЕ) ја смести топката зад грбот на голманот на Динамо. Пет минути подоцна Мишел Оли зголеми на 3:0 (ОВДЕ).
На другите натпревари Ливерпул направи пресврт и води со 2:1 на „Сан Сиро“ против Милан. Спортинг води со Лил 1:0. Реал Мадрид и Штутгарт се 0:0 на полувреме. Гостите погодија пречка, а на домашните им беше досуден па по реакција на ВАР поништен пенал.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата