ЛШ: Арсенал е најголем фаворит за титулата, Реал Мадрид дури деветти! (ФОТО)

27.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ: Арсенал е најголем фаворит за титулата, Реал Мадрид дури деветти! (ФОТО)
фото: OptaJoe (X)

Откако беше објавен “костурот“ и кој со кого би можел да се сретне во ЛШ, јасно е дека Арсенал има најлесен пат барем до полуфиналети. Можеби затоа тимот на Микел Артета е прв фаворит за освојување на Лигата на шампионите оваа сезона. Статистиките и квотите се на страната на лондонскиот клуб, на кого му се даваат дури 27,4 насто шанси да ја освои првата титула европски шампион во историјата.
“Топџиите“ го имаат Баер од Леверкузен за ривал во осминафиналето, четвртфиналето им носи дуел со подобриот од дуелот Бодо/Глимт – Спортинг Лисабон, додека во полуфиналето би можеле да играат со Њукасл, Барселона, Атлетико и Тотенхем.
Екипата на Микел Артета е далеку пред сите други во однос на шансите за освојување на трофејот. Баерн Минхен има речиси двојно повеќе шанси со 14,28 насто. Ливерпул има 12,83 насто шанси, Манчестер Сити е на четвртото место со 10,79 насто, а актуелниот шампион на Европа – француски ПСЖ, има само насто проценти шанси да ја одбрани титулата. Интересно, Реал Мадрид е на деветото место.
Најмалку шанси има турскиот Галатасарај. Тимот од Истанбул е со процент од само 0,17 насто. Секако е интересно што првите три фаворити за трофејот се распоредени точно онака како што го завршија лигашкиот дел од натпреварувањето. Арсенал е прв, Баерн втор, а Ливерпул трет фаворит.
Вака изгледаат шансите за освојување на трофејот на тимовите што се најдоа во финалето на Лигата на шампионите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата