Локатели промаши пенал, Јуве само со бод против Сасуоло

21.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Локатели промаши пенал, Јуве само со бод против Сасуоло
фото: Juventus FC (X)

По две врзани победи, Јувентус веќерва не успеа да слави на домашен терен во мечот од 30. коло во Серија А. На дуелот со Сасуоло, Јуве одигра 1:1, а имаше голема шанса да ги освои сите три бода.

Имено, во 86. минута од мечот домашните добија пенал, но Локатели не успеа да погоди од белата точка. Сасуоло успеа да се одбрани и да ги зачува оние 1:1 остварени со голот на Пинамонти во 52. минута.

Јувентус поведе уште во 14. минута со погодокот на Јилдиз, но до крајот не успеа да најде начин како да ги прокнижи планираните бодови.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата