Ливерпул отвори формални преговори со Борнмут за евентуален трансфер на Антоан Семењо, според извори од Островот . „Црвените“ наводно разговараат за условите на трансферната цена.
25-годишниот Семењо е во Борнмут од јануари 2023 година. Ганецот има одиграно 15 натпревари оваа сезона, постигнато шест гола и три асистенции.
Минатиот месец, Би-Би-Си откри дека играчот има клаузула за ослободување од 65 милиони фунти во договорот, која може да се активира само во првите две недели од јануарскиот преоден рок.
Манчестер Сити е исто така заинтересиран за крилниот напаѓач на Борнмут.

