Ливерпул со многу среќа до победа кај „Шумарите“!

22.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ливерпул со многу среќа до победа кај „Шумарите“!
ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC

Фудбалерите на Ливерпул попладнево беа протагонисти на најдраматичната победа од почетокот на сезоната, бидејќи стигнаа до три бода во судиското продолжение против Нотингем со 1:0, со голот на Алекс Мекалистер во судиското продолжение и тоа во 90+7.минута, иако истиот беше постигнат неколку минути порано. Не помина долго време откако голот на истиот фудбалер беше поништен на бизарен начин, и беше блиску до тоа повторно да биде поништен, но по малку подолго размислување, тој беше признат. Сепак, поголемиот дел од натпреварот не го наговестуваше триумфот на Ливерпул. Фактот дека под нивните нозе има оган за опстанок во лигата, и дека актуелниот шампион Ливерпул доаѓа како нивен гостин, им даде поголема мотивација на фудбалерите на Нотингем, кои беа далеку подобар ривал од гостите од „Енфилд“.

На останатите два меча попладнево од 27.коло во ПЛ, Кристал Палас со 1:0 славеше против Вулверхемптон, а Фулам како гостин го победи Сандерленд со 1:3.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата