Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот.
„Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на Арне Слот и не размислува за промена на менаџерот. Тој е дел од плановите на клубот и приоритет е да му се обезбеди тим што ќе постигне успех“, тврди Орнштајн.
„Не сум тука да го бранам Арне Слот. Сезоната на Ливерпул беше лоша според нивните стандарди во однос на перформансите и резултатите, а тој (Слот – забелешка на уредникот) е директно вклучен во сето тоа. Но, ако ја погледнете листата на фактори што се акумулирале на и надвор од теренот, таа е импресивна, па затоа не сум изненаден што Ливерпул сака да му даде повеќе време“, додаде новинарот во подкастот „The Athletic FC“.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Liverpool will stick with Arne Slot and will intend to provide him with the profile of squad to succeed this summer.
— @David_Ornstein pic.twitter.com/lnk4lp5loM
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) March 26, 2026
„Арне Слот ги има квалитетите што клубот ги сака кај еден менаџер – да не заборавиме дека тоа го видовме минатата сезона кога го водеше Ливерпул до шампионската титула. Тој исто така ќе игра важна улога во донесувањето одлуки за трансфери“, заклучи Орнштајн.
„Црвените“ моментално се наоѓаат на 5-то место на табелата во Премиер лигата со 49 бода по 31 коло.

