Ливерпул, пак, победи со пресврт, овој пат настрада Лутон (ВИДЕО)

21.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ливерпул, пак, победи со пресврт, овој пат настрада Лутон (ВИДЕО)

Со голем пресврт во второто полувреме, Ливерпул го совлада Лутон со 4:1 и остана на првото место на табелата во англиската Премиерлига. Вечерва на „Енфилд“, „црвените“ им приредија раџзочарувачко прво полувреме на своите фанови, откако гостите кои се борат за опстанок успеаја да го погодат голот на Келехер во 12. минута преку Огбене и да дојдат до водство од 0:1 (ВИДЕО) со која успеаја да заминат и на полувреме.

Ливерпул беше подобар тим во сите 90 минути на средбата, но во првиот дел не успеа да го искористи притисокот кон голот на Лутон. Сепак, во период од само три минути во 56. и 58. минута, Ван Дајк (ВИДЕО) и Гакпо (ВИДЕО) успеаја да погодат во мрежата на Камински и да го свртат резултатот на задоволство на домашните фанови.

Не помина долго време и до третиот гол на „црвените“ кој беше дело на Луис Диаз (ВИДЕО) во 71. минута. Во последните минути од средбата погоди и Харви Елиот за конечни 4:1 (ВИДЕО).

Standings provided by Sofascore

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата