По Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг, како и Милош Керкез, а веројатно ќе дојде и еден екстра напаѓач, Ливерпул има намера да ја засили и одбраната и тоа со голема ѕвезда, репрезентативец на Англија и еден од најдобрите стопери во Премиерлигата.
Тоа е капитенот на Кристал Палас, Марк Гуеи. Енди Робертсон и Џарел Кванса си заминуваат, претходно Трент Александер -Арнолд направи трансфер во Реал Мадрид, па јасно е дека во дефанзивата ќе треба освежување, а изборот падна на Гуеи.
Самиот играч веќе кажал „ДА“, сега останува раководствата на двата клуба ги договорат условите околу овој трансфер.
Нема што, Ливерпул е во налет во текот на овој преоден рок, и ако сите цели се остварат, тогаш јасно е дека тренерот Арне Слот ќе има мега – тим за наредната сезона.