Ливерпул ќе го пушти својот универзален играч?

1.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ливерпул ќе го пушти својот универзален играч?

Фудбалскиот клуб Ливерпул на лето би можел да го продаде јапонскиот играч од средниот ред Ватару Ендо.

Искусниот триесет и двегодишен, кој пристигна од Штутгарт како капитен на германскиот тим, би можел повторно да се врати во Бундес-лигата.

Како што пренесува „Билд“, Ајнтрахт Франкфурт прави истраги и го гледа како решение во стартниот состав. Тоа е улога што не може да ја има во Ливерпул. Сепак, тој е среќен на „Енфилд“, а по се изгледа со него се согласува и Арне Слот.

Холанѓанецот го користи на различни позиции и најчесто го воведува во последните 15-20 минути од натпреварите кога резултатот треба да биде „затворен“. Тој е дефанзивен везен играч, но може да одговори и на стопер.

Моменталната ситуација е дека тој е нешто поскап за Ајнтрахт, но не е невозможно да го добијат „под цена“. Ливерпул пред две години му плати околу 20.000.000 евра.

Ендо би можел да биде еден од многуте што ќе го напуштат Енфилд ова лето. Дарви Нуњез, Диого Јота, Луис Дијаз, Трент Александар-Арнолд, Џо Гомез… Сите тие се на списокот за заминување.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата