Ливерпул едвај против “волците“: Диаз и Салах за повторно +7 пред Арсенал!

16.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ливерпул едвај против “волците“: Диаз и Салах за повторно +7 пред Арсенал!

Секако дека не се очекуваше Ливерпул да си има такви проблеми против “волците“ и тоа дома на својот „Енфилд“. Сепак четата на стратегот Арне Слот успеа да победи со 2:1 и со тоа повтрно да има бодовна разлика од +7 во однос на вториот Арсенал.

Посебно Вулверхемптон имаше шанси најмалку за реми во второто полувреме, но немаше среќа.

Диаз во 15.минута донесе водство од 1:0, за да во 37.минута Салах од пенал зголеми на 2:0. И кога си помислија дека гостите ги чека вистинска катастроф, тие не само што намалија во 67.минута со голот на Чуња, туку имаа и неколку шанси за израмнување.

Сепак вака се станува шампион, и кога не блескаш да победуваш.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата