Лига на Нации: Спектакл во Зеница – последниот танц на Дијамантот! Италија ја сопре Франција

2.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лига на Нации: Спектакл во Зеница – последниот танц на Дијамантот! Италија ја сопре Франција
ФОТО: Damir Hajdarbašić, Reprezentacija.ba

Емоции и голема благодарност на фудбалска Босна и Херцеговина до Един Џеко. Икона на фудбалот во таа земја вечерва за последен пат го носеше дресот на БиХ и тоа на мечот од Лигата на Нациите против Шведска. На крајот резултатот беше 1:1, на Џеко му беше поништен гол а миленикот на фановите го напушти теренот во 64.минута.

Секоја чест на фановите во Зеница, и тоа како му се заблагодарија низ еден спектакл на својот Дијамант.

Интересно беше во Париз каде Франција и Италија одиграа без победник 1:1. Олисе уште еднаш стрелаше за составот на Зидан, за да потоа Бастони покажа дека сепак Италија не заборавила да игра фудбал.

Ова е прво реми за Зидан во третиот меч како селектор на Франција.

Белгија очекувано ја декласира Турција со 3:0 со двата гола на Де Брујне и еден на Лукаку.

Овие два меча беа од А Лигата на Нации.

Во Б Лигата на Нации како што веќе напоменавме БиХ и Шведска одиграа 1:1, потоа Унгарија ја победи Грузија со 1:0, Полска со 6:0 ја понижи Романија, Левандовски постигна хет – трик, Украина беше поразена од С.Ирска со 0:3.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата