По нешто помалку од два месеци откако заврши ЕУРО 2024, еве денеска или вечерва стартува новиот циклус во Лигата на Нации. И веднаш дерби што се вели. Во Лисабон Португалија ја дочекува Хрватска, значи Роналдо против Модриќ. Тоа ќе биде дуел меѓу некогашните соиграчи во Реал Мадрид.
Исто така ќе биде интересно и во Белград, каде за првпат на дело ќе ја видиме Шпанија, европскиот шампион од последното ЕУРО. Шпанците и гостуваат на Србија која ќе биде драматично ослабена откако откажаа најдобрите играчи на нашиот северен сосед. Проблемот бил дека се повредени, тоа е официјално, но се знае дека не играат зошто не сакаат да се бламираат со Драган Стојковиќ на клупата. Ако биде се како што треба тогаш Шпанија нема да има никаков проблем да извојува победа.
Ова се двојките за вечерва во Лигата на Нации: