Денеска во Нион, точно на пладне се одржаа сите ждрепки за УЕФА Лигата на Нации. Секако дека најинтересна беше ждрепката за 1/4 финалето во ова натпреварување во Лигата А.
Ова се двојките:
1.Холандија – Шпанија
2.Хрватска – Франција
3.Данска – Португалија
4.Италија – Германија
Првите мечеви се играат на 20 март, а реваншите три дена подоцна.
Се знаат и полуфиналните двојки во завршницата, а се играат во јуни:
ПОЛУФИНАЛЕ
4-3
1-2
Познати се и двојките за пласман или опстанок во Лигата А:
Турција – Унгарија
Украина – Белгија
Австрија – Србија
Грција – Шкотска
За пласман или опстанок во Лига Б ова се двојките:
Косово – Исланд
Бугарија – Р. Ирска
Ерменија – Грузија
Словачка – Словенија
За пласман во Лига Ц ова се двојките:
Гибралтар – Летонија
Малта – Луксембург