Групмата фаза од Лигата на Европа го има петтото свое издание вечерва. Во дуелите кои стартуваа од 18:45 вреди да се издвојат неколку кои привлекоа внимание.
Тимот на Црвена Звезда триумфираше на гостувањето во Австрија, кај тимот на Штурм со конечни 0:1 со голот на Мирко Иваниќ во вториот дел.
За разлика од Звезда, Динамо Загреб доживеа тежок удар на домашен терен со поразот од 1:3 од Бетис. Гостите водеа со 0:3 по 38. минути игра по што се беше јасно на овој меч.
Нашиот Бојан Миовски го доведе својот Ренџерс во големо водство кај Ференцварош со прекрасен гол со „ножички“, но сепак на крајот унгарците направија пресврт и триумфираа со 2:1.
Лудогорец и ПАОК одиграа ектра дуел во кој имаше шест гола и заврши 3:3, а Штутгарт беше сигурен против Макаби со 4:1.
Резултати:
Динамо – Бетис 1:3
Ференцварош – Ренџерс 2:1
Лудогорец – ПАОК 3:3
Митјиланд – Генк 1:0
Ница – Брага 0:1
Штурм – Црвена Звезда 0:1
Штутгарт – Макаби 4:1
Утрехт – Нотингем 1:2
Јанг Бојс – Лил 1:0

