Леванте и Еспањол одиграа без победник

11.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Леванте и Еспањол одиграа без победник
ФОТО: Levante UD/FB

Леванте и Еспањол одиграа нерешено 1:1 во рамките на 19-то коло од шпанската Ла Лига. Тимот од Барселона сега има 34 бода и го зазема високото петто место на табелата, додека Леванте е во сè потешка ситуација, претпоследен е 19-ти со 14 бода и не се снаоѓа добро во борбата за опстанок.
Вечерва гледавме тежок натпревар во Валенсија, а натпреварот го одбележаа головите што паднаа на почетокот на второто полувреме, со разлика од 120 секунди.
Поведе Еспањол со исклучително ефективен гол на Карлос Ромеро во 53-тата минута, а Леванте израмни во 55-тата минута.
Дела испрати совршен пас преку бековската линија на Еспањол до Икер Лосада, кој брилијантно ја прими топката и со прецизен удар од осум метри го совлада Марко Дмитровиќ, за 1:1.
И двете екипи се обидуваа до крајот да дојдат до победата, но немаше големи шанси, па резултатот остана непроменет.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата