Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

21.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)
Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини.

Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во петте најдобри европски лиги. Полјакот влезе од клупата во победата на Каталонците над Виљареал, заокружувајќи го својот 500-ти натпревар. Пред да го облече дресот на Каталонците, Левандовски играше многу години во Бундеслигата со Борусија Дортмунд и Баерн Минхен. Полскиот напаѓач има 389 гола во тие 500 натпревари, пред само Лионел Меси со 496 и Кристијано Роналдо со 495.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата