Лестер ги прекрши финансиските правила и му се одземаат шест бодови

5.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лестер ги прекрши финансиските правила и му се одземаат шест бодови

Тимот на Лестер кој што е член на Чемпионшип дивизијата во Англија, ќе остане без шест од во моментов освоените бодови, затоа што е казнет. Причината за тоа се прекршувањата на финансиските правила кои што важат за сите професионални клубови.

Казната ќе се примени веднаш, што значи дека „Лисиците“ паѓаат од 17. на 20. место во Чемпионшип и се надвор од зоната за испаѓање само благодарение на гол-разликата.

Премиер лигата во месец мај го обвини Лестер за кршење на Правилата за профит и одржливост (PSR) во тригодишниот период до 2023-24 година, а сега тој проблем се одрази на бодовното салдо на клубот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата