Легендите на Јунајтед не можат да поверуваат што прават фудбалерите по натпреварите: Кој ѓавол?

10.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Легендите на Јунајтед не можат да поверуваат што прават фудбалерите по натпреварите: Кој ѓавол?
Манчестер Јунајтед одигра 4:4 против Астон Вила на „Олд Трафорд“, иако во судиското продолжение влезе со негатива од два гола. И покрај големиот камбек, Јунајтед остана во зоната за испаѓање од Премиер-лигата, во која ќе помине најмалку две недели. Тоа ќе биде најдолгиот период во кој клубот се наоѓал меѓу последните три екипи на табелата уште од 1986 година.

По натпреварот, фудбалерите на Јунајтед направија почесен круг околу теренот за да ги поздрават навивачите, кои во тој момент го скандираа името на тренерот Мајкл Карик и му даваа поддршка и покрај лошите резултати. Сепак, ваквиот потег им пречеше на поранешните играчи на Јунајтед, Пол Сколс и Гери Невил, кои сметаат дека тимот нема причина за таков гест со оглед на ситуацијата во која се наоѓа.

„Една работа мора да ја направат – да престанат со овие почесни кругови по натпреварите. Кој ѓавол? Играат толку лошо. Не мислам само на Мајкл, туку и на целиот тим. Тоа е срамно. Такви работи треба да прават по последниот натпревар во сезоната. Жал ми е за нив“, изјави Сколс во емисијата „The Good, The Bad and The Football“.

Неговиот поранешен соиграч Ники Бат се согласи со критиките.

„Тоа ужасно ме нервира“, порача тој, а подоцна за NBC Sports додаде:

„Мора да им се восхитувате на нивната упорност, не се откажуваа. Грешките во одбраната беа шокантни и наскоро ќе разговараме за тоа. Но, тој круг околу теренот…

Одиграв 602 натпревари за Манчестер Јунајтед и секогаш по средбите им изразував благодарност на навивачите. Но, ова што го прават сега – шетаат околу теренот по поразот од Борнмут и домашното реми 4:4 против Астон Вила – речиси е болно за гледање. Како самите да си нанесуваат емоционална штета.“


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата