Лаутаро за спектакуларен пресврт и победа на Интер

5.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лаутаро за спектакуларен пресврт и победа на Интер
фото: Inter (X)

Интер со голем пресврт дојде до победа против Наполи во спектакуларниот натпревар на „Џузепе Меаца“ од новото коло во Серија А. Гостите од Неапол имаа предност од 2:0 во 53. минута и беа на чекор до голема победа.

Сепак, Интер не се предаде и во продолжението успеа целосно да го сврти натпреварот. Домаќините со офанзивна игра извршија силен притисок врз одбраната на Наполи. Пресвртот донесе вистинска еуфорија на трибините на миланскиот стадион.

Политано и Хојлунд за три минути од 50 до 53 минута донесоа предност од 0:2 за Наполи. Интер ги собра редовите и се врати со фантастичен пресврт. Лаутаро погоди за 1:2 во 56. минута, Маркус Турам израмни во 82. минута, а со вториот гол во 91. минута Лаутаро им донесе голема победа на шампионите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата