Лацио потпиша со фудбалер на Хатајспор

7.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лацио потпиша со фудбалер на Хатајспор

Италијанскиот прволигаш Лацио објави дека нивен нов играч е Фисајо Деле-Баширу кој доаѓа на позајмица од турскиот суперлигаш Хатајспор со обврзувачки откуп на договорот. Лацио за позајмицата на 23-годишниот играч од средниот ред платил 2 милиони евра со обврзувачки 4 милиони евра по завршување на идната сезона.
Овој играч играл во младинскиот тим на Манчестер Сити, а во 2020 година му се приклучил на Шефилд Венздеј во Чемпионшип. Од таму се сели во Турција, а сега во Италија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата