Лацио му ја подари победата на Јуве! (ВИДЕО)

19.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лацио му ја подари победата на Јуве! (ВИДЕО)

Кога во 85.минута при резултат 0:0 во дербито во Торино кај Јуве, ќе си постигнеш автогол, се мисли на играч на Лацио, тогаш јасно е дека си му ја подарил победата на својот противник.

Несреќникот беше Гила, како што веќе кажавме во таа 85.минута па така Јуве ги освои трите екстра значајни бода во битката за титулата.

Треба да се каже дека Лацио од 24.минута играше со играч помалку по исклучувањето на Ромањоли, па овој пех секако дека уште повеќе го боли римјаните.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата