Лапорта дивеел по дуелот со Гранада, направил хаос во Випот!

12.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лапорта дивеел по дуелот со Гранада, направил хаос во Випот!

Жоан Лапорта не може да поднесе Барселона да игра очаен фудбал оваа сезона. Тој многу сакаше тимот повторно да доминира во неговиот мандат, но за негова жал тоа нема да се случи.

Екипата која од клупата ја води легендарниот Чави Хернандез игра исклучително слабо. Барса прима огромен број голови, а вчера Гранада го однесе бодот дома (3:3).

Претседателот на клубот Жоан Лапорта целосно ги загуби нервите поради нов неуспех. Целиот гнев го истури во претседателскиот апартман на стадионот.

„Жоан Лапорта целосно полуде по мечот со Гранада, шутна чинии и фрлаше се околу него во претседателскиот апартман“, пишуваат каталонските медиуми.

Тоа не е се што се случуваше околу претседателот на Барселона. Незадоволните навивачи успеаја да дојдат до него и членовите на управата на клубот.

„Неколку луѓе успеаја да дојдат до нив во випот. Затоа итно мораа да ги зголемат безбедносните мерки“, се вели во соопштението.

Претседателот на Барселона експресно патуваше во соблекувалната по нов кикс. Очигледно имаше што да му каже на тимот.

„Жоан Лапорта, веднаш отиде во соблекувалната и одржа говор пред тимот. Тие го напуштија стадионот околу 12:30 часот“, пренесува каталонското радио.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата